Abdullah Doğan,Ozan Efeoğlu
19 Февруари 2023•Ажурирај: 21 Февруари 2023
АДАНА (АА) – АБДУЛА ДОГАН/ОЗАН ЕФЕОГЛУ - Специјално дресираните кучиња, што зедоа активна улога во акциите за пребарување и спасување по разорните земјотреси во Туркије, спасија многу животи под урнатините, пишува Анадолу.
Сетилото за мирис на кучето, кое е 10.000 пати посилно од човечкото, го прави особено ефикасно во потрагата.

Тоа му овозможува на кучето, во некои случаи полесно од човекот, да го лоцира местото на коешто се наоѓа лицето, без оглед на длабочината и пречките што се наоѓаат помеѓу него и лицето во незгода.
Тие за потрага и спасување се дресираат уште кога се мали, а можат да работат и до својата десетта година.
Дресираните кучиња, што учествуваа во континуираната работа на тимовите за пребарување и спасување во подрачјето на земјотресите, станаа најголемите помошници на тимовите во лоцирањето на луѓето под урнатините.

Десетици дресирани кучиња на АФАД, жандармеријата и други единици се на терен од првиот ден на земјотресот.

Некои од кучињата, што одиграа важна улога во преживувањето на стотици луѓе од урнатините на зградите уништени од двата земјотреси во Кахраманмараш, беа повредени при извршувањето на задачите.
Едно од нив, Протео, кучето на мексиканскиот тим во Адијаман, почина.