Rabia İclal Turan
02 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
ИЗМИР/КОЏАЕЛИ (АА) - Турската крајбрежна стража спаси вкупно 172 мигранти недалеку од брегот на областа Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).
На 29 август, 72 мигранти беа спасени во близина на подрачјето на Мендерес во Измир, откако грчките крајбрежни служби ги истуркаа назад кон турските територијални води.
На 30 август, 32 мигранти истуркани од грчките крајбрежни власти кон турските води беа спасени во близина на Чешме, а 30 мигранти кои побараа помош беа спасени во близина на брегот на Карабурун од страна на Турската крајбрежна стража.
Турската крајбрежна стража, исто така, на 31 август спаси 31 мигрант во близина на Дикили и уште 7 во близина на брегот на Фоча.
По рутинските проверки, тие се однесени во обласните служби за миграција.
Турција континуирано ја осудува незаконската практика на Грција да ги враќа мигрантите, бидејќи ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право со загрозувањето на животот на ранливите мигранти, меѓу кои има и жени и деца.
Во меѓувреме, најмалку четворица нерегуларни мигранти беа задржани во турската област Коџаели рано утрово.
Тие се фатени во автобус на контролен пункт, а полицијата го приведе и возачот.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.