Barış Gündoğan
19 Декември 2024•Ажурирај: 19 Декември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската Национална разузнавачка агенција (МИТ) денес ја неутрализира Јајла Кизилкаја, водач на терористичката организација ПКК/ПАЈК, во операција во сирискиот регион Камишли, соопштија безбедносни извори, јавува Анадолу.
Терористката Кизилкаја, со кодно име Несрин Амед, се вклучила во редовите на ПКК во руралните подрачја на 14-годишна возраст и е барана поради учество во вооружени терористички акти во Туркије, Ирак и Сирија.

Кизилкаја беше долго следена од турските разузнавачки служби, велат изворите.
ПКК е позната по тоа што го користи Северен Ирак, во близина на турската граница, како засолниште за планирање терористички напади против Туркије.
Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои деца, жени и постари лица.