Gözde Bayar
01 Декември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ИЗМИР/АНКАРА/ГАЗИАНТЕП/ШАНЛИУРФА (АА) - Турската полиција приведе вкупно 155 лица под сомнение за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Обвинителите во западната област Измир издадоа налози за приведување на 82 осомничени лица, од кои 70 војници на должност, поради инфилтрирање во Турските вооружени сили“, истакна изворот, кој зборуваше под услов на анонимност.
Осомничените се товарат дека комуницирале со „тајните имами“ - високи припадници на ФЕТО - преку говорници.
Истовремените операции раководени од Измир започнаа низ 39 области, а приведени се 72 лица.
Во други операции со седиште во Газиантеп низ седум области се приведени уште осум осомничени лица, соопшти безбедносниот извор.
Во рамките на истрагата за инфилтрирање на терористичката организација во Турските вооружени сили, осомничените се товарат за комуницирање со „тајните имами“ преку говорници.
Во операциите со седиште во Шанлиурфа започнати низ 13 области се приведени 19 осомничени лица.
Осомничените, меѓу кои полковник и потполковник, се приведени како дел од истрагата за инфилтрација на терористичката организација во Турските вооружени сили и жандармеријата.
„Во друга операција во шест турски области, раководена од Измир, приведени се вкупно 44 поранешни полициски службеници“, соопштија безбедносни извори.
Обвинителите во Измир издадоа налози за приведување на 44 осомничени лица поради комуницирање со „тајните имаме“.
Исто така во главниот град Анкара, антитерористичките полициски тимови приведоа 12 од 20 осомничени лица, според налозите за приведување, кои се товарат за користење на апликацијата „Бајлок“.
Напорите за приведување на останатите осомничени лица се во тек.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.