Mümin Altaş
31 Август 2022•Ажурирај: 31 Август 2022
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка служба на Република Туркије (МИТ) спроведе уште една успешна антитерористичка операција на северот на Ирак и го неутрализира терористот Умит Тархан, челникот на таканаречените академии на терористичката организација ПКК/КЏК, каде што се вршат обуки за саботажа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата е спроведена во планинскиот регион Духок/Гара, а терористот Турхан бил неутрализиран додека примал пратка со електронска и друга стока која на терористите на ПКК им пристигнала од Европа. Заедно со Тархан, неутрализиран е уште еден терорист.
Според информациите добиени од безбедносни извори, терористот Тархан го користел и кодното име „Резан Амед“. Тој првично дејствувал во структурите кои се поврзани со терористите на ПКК во Берлин, а во 2009 година им се придружил на терористите во планинските кампови.
Тој бил вклучен во различни терористички активности на организацијата во главното засолниште на терористите на ПКК во Ќандил, северен Ирак, а од 2016 година го презема раководството на таканаречените единици за саботажа на напади во Сирија.
Терористот Тархан во 2016 година организирал трансфер на експлозиви од Сирија во Туркије и лично подготвувал бомби и експлозиви. Неодамна беше задолжен за обука на терористи за саботажа на северот на Ирак.