Büşra Nur Çakmak
16 Јули 2023•Ажурирај: 16 Јули 2023
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан вчера се сретна со својот малезиски колега, соопшти турското Министерство за надворешни работи, пренесува Анадолу.
Хакан Фидан во саботата отпатува во дводневна посета на Малезија, соопшти Министерството, додавајќи дека ќе има билатерална средба со својот малезиски колега Замбри Абдул Кадир.
„За време на посетата двете страни ќе разговараат за различни аспекти на билатералните односи, кои се на ниво на Сеопфатно стратегиско партнерство и ќе разменат мислења за актуелни регионални и меѓународни прашања“, се вели во соопштението.
По неговото пристигнување, Фидан беше примен од Абдул Кадир, а исто така се состана и со премиерот на државата Пенанг, Чоу Кон Јеов, додаде Министерството.