Sarp Özer
04 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
ВАЛЕТА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, се состана со Бајрон Камилери, министерот за национална безбедност и внатрешни работи на Малта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар по посетата на Либија, заедно со началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, ја посети и Малта.
Турскиот министер, по состанокот, заедно со министерот за национална безбедност и внатрешни работи на Малта, Камилери, ја водеа и средбата меѓу делегациите.
На меѓуделегацискиот состанок присуствуваа и началникот на турскиот Генералштаб, генерал Јашар Ѓулер и началникот на Генералштабот на Малта, Џефри Курми.