Fatjon Prronı
21 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ЕСКИШЕХИР (АА) - Турција не планира да ја префрли својата пешадија во Сирија, изјави денес турскиот министер за одбрана, додавајќи дека поддршката за Слободната сириска армија како дел од Офанзивата „Штитот на Еуфрат” ќе биде продолжена, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за новинарите во Ескишехир, град во северозападниот дел на Турција, Фикри Ишик изјави: „Ние обезбедуваме и ќе продолжиме да обезбедуваме секаков вид на поддршка за Слободната сириска армија, но од денес, немаме никаков план да учествуваме во била каква операција со нашата пешадија”.
Ишик истакна дека Офанзивата „Штитот на Еуфрат” ќе продолжи додека Турција не ја загарантира својата безбедност.
Министерот вели дека доколку гарантирањето на безбедноста во Турција значи одење во јужниот сириски град Ал Баб (оддалечен 30 километри од турската граница) тоа и ќе се случи.
Сепак, Ишик рече дека планот на Турција во моментот е пружање поддршка на Слободната сириска армија.
„Не планираме да учествуваме во било каква операција со нашата пешадија. Учеството на Слободната сириска армија се зголемува секој изминат ден. Овие територии се територии на нашиот народ”, рече тој.
Министерот додаде дека аспирациите на Турција се Слободната сириска армија и умерената опозиција да ги расчистат елементите на ДАЕШ и ЈПГ.
Операцијта „Штитот на Еуфрат” започна минатиот месец во која Слободната сириска армија, поддржана од страна на турските вооружени сили, го презеде градот Џарабулус од ДАЕШ.