Mehmet Tosun,Yeşim Sert Karaaslan
16 Ноември 2023•Ажурирај: 18 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, ги посети болните од рак кои дојдоа во Туркије од Газа и кои беа сместени на лекување во болницата Билкент во Анкара, јавува Анадолу.
Во посетата на Онколошката болница каде се лекуваат пациентите, Ердоган беше придружуван од турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, главниот лекар на болницата проф. Др. Ерџан Јени и други лекари.
Претседателот Ердоган посети еден од пациентите, им посака брзо закрепнување и беше информиран за нивната здравствена состојба.