Sefa Mutlu
11 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул го прими генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган го прими Гутерес во Конгресниот центар Халич во Истанбул, а откако на фоторепортерите и камерманите им беше дозволено да го забележат почетокот на состанокот, средбата е продолжена зад затворени врати.
Гутереш вчера допатува во посета на Турција, во рамките на која веќе се состана со премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим.
Теми на разгговорот со Јилдирим беа кипарското прашање и ситуацијата на Блискиот исток.