Handan Kazancı
05 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе престојува во посета на Иран на 19 јули, соопшти денес турското Претседателство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахијан, исто така, ја посети Анкара на 27 јуни. Тој за време на неговата посета се сретна со Ердоган и со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Ние бевме против едностраните санкции кон Иран и не ги одобруваме тие санкции“, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со Амир-Абдолахијан.
Иранскиот министер за надворешни работи рече дека на средбата со турскиот претседател Ердоган разговарал за формирање стратешко тело на високо ниво меѓу двете земји, кое ќе го надгледува спроведувањето на пактот за долгорочна соработка.