Büşra Nur Çakmak
05 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес со официјална церемонија во Анкара го пречека италијанскиот премиер Марио Драги, јавува Агенција Анадолија (АА).
Драги пристигна во Туркије на покана на турскиот претседател.
Ердоган и Драги треба да одржат тет-а-тет средба пред меѓувладиниот состанок, по што ќе следува потпишување договори и заедничка прес-конференција.
Според соопштението објавено вчера од Одделот за комуникации при турското Претседателство, двајцата лидери ќе копретседаваат со третиот меѓувладин самит Туркије - Италија.
„Се очекува двајцата лидери исто така да разменат мислења за односите меѓу Туркије и ЕУ и регионалните и глобални прашања, како и за билатералните односи меѓу Туркије и Италија, нашиот стратешки партнер и НАТО-сојузник“, се вели од Одделот за комуникации.