Sezgin Pancar
12 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
МЕРСИН (АА) - Турските рибари фатија ајкула долга четири метри во близина на медитеранскиот град Мерсин, а месото ќе го поделат на лицата заболени од карцином, јавува Anadolu Agency (AA).
Речиси 350 килограми тешката ајкула се заплеткала во мрежата на рибарскиот брод „Сејхан-3“, а рибарите со голем напор успеале ја извлечат мрежата на палубата.
Ајкулата моментално е изложена во градската рибарница во Мерсин и бргу стана главна атракција.
Заменик-претседателот на Здружението на рибарите во Мерсин, Аднан Полат, рече дека претходно било вообичаено ајкулите во крајбрежјето да се појавуваат дури во април и мај, но дека поради затоплувањето на морето сѐ почеста е појавата тоа да се случува и во почетокот на март.
Тој рече дека белото месо од ајкула е многу барано во луксузните медитерански туристички комплекси.
„Ова е првата ајкула што ја фативме оваа година. Нејзиното месо важи за многу корисно во лекувањето на луѓето заболени од карцином. Веќе ни се јавија повеќе такви луѓе и месото бесплатно ќе им го поделиме ним“, рече Полат.