Orhan Onur Gemici
29 Декември 2018•Ажурирај: 29 Декември 2018
АНКАРА (AA) - Во операциите во земјата и надвор од земјата кои оваа недела ги изведоа Турските вооружени сили неутрализирани се 27 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Турција се наведува дека Република Турција ги продолжува операциите против терористичките организации како што се ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Се додава дека во периодот од 21 до 28 декември во операциите на турските сили неутрализираа 27 терористи.
Во соопштението уште се наведува дека во текот на операциите се запленети големи количини муниција и оружје кое им припаѓало на терористите.
Се наведува дека турските единици уништиле бројни терористички упоришта и складишта на муниција.