Semra Orkan
29 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Поранешниот премиер и актуелен претседател на Парламентот на Република Турција, Бинали Јилдирим, претставен е денес во Истанбул како кандидат на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) за градоначалник на Истанбул на претстојните локални избобри во оваа земја, кои ќе бидат одржани на 31 март 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Република Турција, а воедно и претседател на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган, на денешната церемонија во Истанбул ги претстави кандидатите на АК Партијата за 36 од вкупно 39 истанбулски општини и Бинали Јилдирим за кандидат за позицијата градоначалник на Истанбул.
Партијата на правдата и развојот (АК Партија) ги претстави кандидатите за истанбулските општини Адалар, Арнавуткој, Аташехир, Авџилар, Багџилар, Бахчелиевлер, Бакиркој, Башакшехир, Бајрампаша, Бејкоз, Бејликдузу, Бејоглу, Бујукчекмеџе, Чатлаџа, Чекмекој, Есенлер, Есенјурт, Ејупсултан, Фатих, Газиосманпаша, Гундорен, Кадикој, Кагитхане, Картал, Кучукчекмеџе, Пендик, Санџактепе, Саријер, Султанбејли, Султангази, Силе, Сисли, Тузла Умраније, Ускуар и Зејтинбурну.
Во преостанатите истанбулски општини, Бешикташ, Малтепе и Силиври, АК Партијата не номинираше кандидати, во согласност со претходниот договор со Партијата за национално движење (МХП) за заедничко настапување на локалните избори. Во спомнатите три општини претставени се кандидати од МХП.
Ердоган, во краткото обраќање, откако го откри името на кандидатот за градоначалник на Истанбул, му посака на Јилдирим среќа и успех и нагласи дека тој е кандидат за градот за кој познатиот војсководец Наполеон Бонапарта рекол: „Доколку светот би бил една држава, Истанбул би бил нејзин главен град.“
Јилдирим, исто така во краткото обраќање, истакна дека АК Партијата во претходниот период многу се трудела и работела за да се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Истанбул и наброја бројни реализирани проекти во овој град.
„Во нашиот Парламент има претставници од различни партии и политички определби. Но јас таму бев претседател на секого од нив. И тука ќе бидам, исто така, градоначалник на секој жител на Истанбул“, порача Јилдирим.