Ahmet Sertan Usul
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека турската војска неутрализира 12 терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија, кои се подготвувале да ги нападнат регионите на турските операции „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се нагласува: „Нашите херојски Турски вооружени сили продолжуваат да ги уништуваат терористичките засолништа во северна Сирија. Неутрализирани се 12 терористи на ПКК/ЈПГ, кои се подготвуваа за напад на регионите „Извор на мирот“ и „Штитот на Еуфрат“.“
Од 2016 година Турција започна три успешни антитерористички операции преку границата, во северна Сирија, за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите, и тоа: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата на 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.