Barış Gündoğan
19 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
АНКАРА (АА) – Турските сили неутрализираа 19 терористи кои отворија вознемирувачки оган во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција се наведува дека е одговорено соодветно за шехидите од турските безбедносни сили.
Турското министерство информираше дека 19 терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија вознемирувачки оган во регионите на „Извор на мирот“, „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северна Сирија се неутрализирани од Турските вооружени сили.
Од 2016 година досега, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија, „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019), со цел да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на раселените Сиријци.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.