Mümin Altaş
09 Септември 2021•Ажурирај: 11 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа 6 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои биле во подготовка за напад во зоната каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција се наведува: „Тероризмот продолжуваме да го уништуваме од местата каде што извира. Со успешна интервенција на нашите херојски Турски вооружени сили неутрализирани се 6 терористи на ПКК/ЈПГ, за кои е утврдено дека се подготвувале за напад во регионот на „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија.“
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.