Cankut Taşdan
09 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили во Анкара приведоа 13 странски државјани поради наводи за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, вели извор, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Разузнавачките и полициските единици спроведоа истовремена операција на утврдени адреси за апсење на 15 странски државјани поради наводи за поврзаност со терористичката организација во конфликтните зони во странство“, рече изворот под услов да остане анонимен.
Во тек се напорите да се фатат и останатите осомничени припадници.
Во 2013 година Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш земјата повеќепати беше цел на напади на терористичката организација, во кои животот го изгубија над 315 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 оружени напади.
Како одговор, Турција започна антитерористички операции дома и во странство за да ги спречи понатамошните напади.