Fırat Taşdemir
25 Август 2022•Ажурирај: 26 Август 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека неутрализирани се 8 терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија вознемирувачки оган во регионите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслиново гранка“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Вознемирувачкиот оган на терористите не поминува неказнето. Осум терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија вознемирувачки оган во регионите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северна Сирија се неутрализирани од нашите Вооружени сили. Ќе продолжиме да ги закопуваме терористите во рововите што си ги ископаа самите“, се нагласува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Туркије.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.