Yusuf Soykan Bal
19 Август 2023•Ажурирај: 20 Август 2023
АНКАРА (АА) - Турската Национална разузнавачка служба (МИТ) неутрализира висока терористка на ПКК во северна Сирија, соопштија безбедносни извори, јавува Анадолу.
Турската разузнавачка служба ја неутрализира Хиџран Иџуз, со кодно име „Вејин Јијан“, во операција во сириската покраина Ал Хасека.
Терористичката организација ПКК шири лажни информации преку некои медиуми, доведувајќи ги во заблуда луѓето да веруваат дека Иџуз загинала во несреќа.
Иџуз, која се приклучила на руралното крило на организацијата во 2016 година, добила идеолошка и воена обука.
Таа, исто така, ги обучувала сириските деца и тинејџери кои се приклучиле на терористичката организација како да користат оружје и муниција.
Терористката извршувала активности, особено во вооружените женски и младински структури на организацијата, и била меѓу организаторите на напади и активности од типот на атентати, особено против Турските безбедносни сили во пограничните региони.
Терористите на ПКК го користат подрачјето на северен Ирак, веднаш преку турската граница, каде што се кријат и планираат напади.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.