Diyar Güldoğan
19 Август 2023•Ажурирај: 20 Август 2023
АНКАРА (АА) – Бугарската министерка за надворешни работи, Марија Габриел, на 22 август ќе престојува во официјална посета на Туркије за билатерални разговори, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и неговата колешка Марија Габриел ќе разговараат за сите аспекти на билатералните односи, како и за односите Туркије-ЕУ, се вели во соопштението на Министерството.
Се додава дека министрите ќе разменат мислења и за актуелните регионални и меѓународни случувања.
Имајќи пријателски и соседски односи, Туркије ја поддржа интеграцијата на Бугарија со евроатлантските институции.
Бугарија влезе во НАТО во 2004 година и стана членка на ЕУ во 2007 година.