Ahmet Sertan Usul
20 Декември 2021•Ажурирај: 21 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа шест терористи на ЈПГ/ПКК во северните делови на Ирак и Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека двајца терористи се неутрализирани во подрачјето на прекуграничната операција „Канџа-молња“ во северен Ирак.
„Останатите четворица терористи се неутрализирани во северна Сирија при обид за напад во областа на Операцијата „Извор на мирот“, се додава во соопштението.
Турција има спроведено низа операции од 2019 година против терористичките организации во северен Ирак, особено против ПКК. Последните операции се „Канџа-молња“ и „Канџа-гром“ реализирани овој април во регионите Метина и Авашин-Басјан.
Исто така, од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња. ЈПК е сириски огранок на ПКК.