Burak Bir
20 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили изведоа уште една успешна операција против терористичката организација ПКК и на истокот на земјата запленија 1,05 амониум нитрат и голема количина оружје и муниција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека припадниците на жандармеријата во рамките на антитерористичката операција Јилдирим-16 открија големи терористички складишта на крајната периферија на областа Битлис.
Операцијата е изведена во тешко пристапните шуми во кои терористите го скриваа оружјето и спрема експлозивни направи за изведување напади.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористичките групи во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.