Ali Korkmaz
05 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
ИЗМИР
Турската крајбрежна стража спаси 58 азиланти, меѓу кои имало и деца на отворено море во местата Дикили и Фоча во областа Измир, известува Агенција Анадолија (АА).
По упатениот повик за помош, турската крајбрежна стража спаси 21 азилант на отворено море во подрачјето Кабакум во местото Дикили кои се наоѓале во гумен чамец чиј мотор бил во дефект.
Турската крајбрежна стража на копното извлече 37 азиланти чии гумени чамци од страна на грчките елементи биле потиснати во турските територијални води на подрачјето меѓу локалитетот Киз Кулеси и локалитетот Асланбурну во Фоча.
По завршените процедури, азилантите кои се странски државјани, им се предадени на Покраинскиот директорат за имиграција.