Özcan Yıldırım
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
АНКАРА (АА) - Екипите на турската крајбрежна стража на подрачјето на Егејското и Средоземното Море од 24 февруари до 3 март открија 230 мигранти при обид за илегален премин на границите, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за внатрешни работи на Турција соопштено е дека екипите на крајбрежната стража продолжуваат да ги спроведуваат акциите за спречување на илегални миграции на тие подрачја.
Во рамките на акциите на подрачјето Дикили, Чешме и Ајваџик фатени се 189 мигранти, а на подрачјето Каса 41 мигрант.
Покрај тоа, жандармериските екипи приведоа пет криумчари на луѓе.