Muhammet Emin Horuz
10 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Турција очекува да угости околу 1,5 милиони украински државјани во 2021 година, изјави денес Али Билир, претседателот на Здружението на туристички агенции на Турција (TURSAB), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во периодот пред пандемијата имавме вкупно 21.700 патувања во Украина, која е на седмо место во меѓународните туристички дестинации за граѓаните на Турција“, изјави Билир.
Тој додаде дека и покрај пандемијата на коронавирусот, минатата година Турција ја посетиле вкупно милион украински туристи.
Украина и Турција развија пријателски односи во различни области во текот на последните години, но туризмот претставува важно подрачје на нивната соработка.
Укажувајќи на предностите на патување без пасош меѓу двете земји, Билир изјави дека тоа ги зголемило туристичките посети на двете страни.
Со цел јакнење на економските и хуманитарни врски, патувањата без пасоши меѓу Турција и Украина започна во јуни 2017 година.