Fatih Hafız Mehmet
02 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Според извори од Министерството за внатрешни работи, турските безбедносни сили во периодот од 2 до 30 јануари неутрализираа 56 терористи на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворите кои сакаа да останат анонимни, во периодот од 2 до 30 јануари, 20 терористи биле неутрализирани, 19 заробени и 17 се предале сами.
Минатиот месец, безбедносните сили спроведоа 905 операции против терористичката организација ПКК. Вкупно 1.463 осомничени се притворени во операциите низ целата земја, под обвинение дека ѝ помагале на терористичката организација ПКК, а 153 останале во притвор.
Од 302 осомничени лица кои биле притворени поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, седумнаесет биле задржани во притвор.
Во текот на истиот период, 1.435 од 3.309 осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО биле исто така задржани во притвор.
Исто така, во притвор е задржан и еден од 40 осомничени поради поврзаност со левичарска терористичка организација.
Вкупно 622 операции за наркотици биле спроведени со цел да се сузбијат финансиските извори на терористичката организација. За време на операциите биле запленети над 12 тони марихуана, 456 килограми хероин и 59 килограми опиум, како и 395.822 таблети.
Властите исто така пронајдоа и над 4,5 милиони шверцувани цигари и над 2 милиони литри течно гориво. Околу 143 од 3.408 осомничени се задржани во притвор.
Како дел од борбата против илегалната миграција, приведени се 7.988 мигранти, а 65 од 160 осомничени се задржани во притвор поради шверц со луѓе.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна кампања против Турција во текот на која загинаа повеќе од 40.000 лица.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, стои зад неуспешниот минатогодишен обид за државен удар, во кој загинаа 248 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и во судството.