Hasan Hüseyin Köşger
12 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Министерството за надворешни работи на Република Турција поради тероризмот, насилството и произволните апсења ги предупреди граѓаните кои патуваат во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Република Турција наведено е дека во последен период е забележан пораст кога станува збор за терористички напади и случаи на насилство.
Порачано е дека покрај вооружените и бомбашките напади, и понатаму постои опасност од можни напади како што се влетување со автомобил во маса, чии мети ќе бидат центрите во градовите, метро станиците, јавните установи, молитвените места, како и училишните кампуси.
Наведено е дека нападите во кампусот на Универзитетот Охајо, на аеродромот „Forth Lauderdale-Hollywood", на џамијата Дар Ал-Фарук во Минесота, на црквата во Тексас, влетување со автомобил во маса во Њујорк и Шарлотсвил, како и последниот бомбашки напад во Њујорк, се примери на тероризмот, односно екстремно-десничарски и расистички активности.
Исто така, порачано е дека државјаните на Турција кои патуваат во САД, вклучувајќи ги и оние кои таму патуваат по службена должност, се изложени на произволни апсења кои се темелат на неверодостојни докази.
„Во судските процеси кои се покренуваат против нашите државјани, се донесуват судски одлуки кои се засновани на претходно измонтирани и невистинити тврдења кои ги изнесуваат припадници или симпатизери на терористичката организација ФЕТО. Поради тоа ги повикуваме нашите државјани кои ќе патуваат во САД да бидат внимателни", се наведува во соопштението.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на САД, кое е објавено пред два дена, Турција, Судан, Русија, Пакистан, Гватемала и Венецуела се прикажани како земји од 3. категорија на безбедносен ризик.