Ekipa
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Белгискиот Jавen радиодифузен сервис (RTBF) јави дека за време на денешната полициска рација се слушнале две експлозии и дека во операцијата е уапсено едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Сè уште не е познато дали полициските акции се поврзани со истрагата за терористичкиот напад во вторникот на аеродромот Завентем и метро станица Maелбек.
Јавниот сервис јави дека во населбата Шаербек се одвива полициска акција. Уште на самиот почеток од акцијата се слушнале две експлозии, но сведоците велат дека се слушнале и истрели од оружје. Јавниот транспорт во овој дел на Брисел е целосно запрен а на улиците може да се забележат голем број специјални полициски службеници.
Полицијата оваа недела пронајде големо количество експлозив во еден стан во населбата Шаербек за кој се верува дека го користеле бомбашите самоубици за нападот во вторник. Во нападите на 22-ри март загина 31 лице а над 200 лица беа повредени.