Eda Özdener
23 Мај 2022•Ажурирај: 25 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Вкупно 8.885.876 луѓе ја посетија Турција во периодот јануари-април годинава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за култура и туризам на Турција, 7.477.047 од посетителите што дошле во земјата во првите четири месеци од 2022 година биле странци. Бројот на турски граѓани кои престојуваат во странство, а ја посетиле Турција изнесува 1.408.829.
Бројот на гости од странство во периодот јануари-април годинава е зголемен за 172,51 отсто во однос на истиот период претходната година.
Во рангирањето на земјите од каде доаѓаат најголем број посетители во Турција во првите четири месеци од годината на прво место е Германија со пораст од 339,81 отсто, Бугарија е на второ место со пораст од 325,55 отсто, а на третото место е Иран со пораст на бројот на посетители од 236,77 отсто. По Иран следуваат Руската Федерација и Велика Британија.
- Пораст од 225 отсто во април -
Бројот на странски посетители на Турција во април, пак, е зголемен за 225,59 отсто во однос на истиот месец претходната година и изнесува 2.574.423.
Во рангирањето на земјите кои испратиле најмногу посетители во април, на прво место е Германија со пораст од 630,34 отсто во однос на истиот месец претходната година, Бугарија на второ место со пораст од 442,04 отсто, додека Велика Британија е на третото место со пораст од 1.446,83 отсто.
По Велика Британија следуваат Иран и Руската Федерација.