Tuba Onğun
23 Мај 2022•Ажурирај: 24 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Според официјалните бројки објавени денес, Турција во април ја посетиле 2,6 милиони странски туристи, што е три пати повеќе од пред една година, јавува Агенција Анадолија (АА).
И покрај зголемувањето од 225,6 отсто на годишно ниво, бројката од април не го надмина нивото пред коронавирусот во 2019 година, покажаа податоците на турското Министерство за култура и туризам.
Истанбул, најголемиот град во Турција по население и главна туристичка дестинација, во април го посетија 40 отсто од сите странски посетители, или речиси 1 милион.
По посетеноста на Истанбул, следува медитеранскиот туристички град Анталија со 661.609 странски туристи и Едрене во северозападна Турција, кој граничи и со Бугарија и со Грција, со 359.303 странски посетители.
Што се однесува до потеклото на странските туристи, Германија го зазеде првото место со 15,4 отсто – речиси 400.000 посетители – во истиот период, Бугарија (10,5 отсто или 271.000) и Велика Британија (8,8 отсто или 225.000 ).