Muhammed Boztepe
10 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од 3 до 10 септември, за период од една недела се неутрализирани 35 терористи, од кои 2 лица наводно се високи оперативци на терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите дадени од Министерството, во рамките на борбата против терористичките организации, безбедносните сили во текот на една недела извршиле 2.283 операции.
Во рамки на операциите се притворени вкупно 4.853 лица, од кои 445 поради помош, поддршка и соработка со терористичките организации (ПКК/КЏК 145, левичарски терористички организации 7, ДЕАШ 54, ФЕТО/ПЈД 239), 4.307 лица поради трговија со дрога и криумчарење и 101 лице во рамките на борбата против нелегалната миграција.
Во операциите спроведени на територијата на Турција во текот на последната недела, неутрализирани се вкупно 35 терористи, меѓу кои се наоѓаат двајца наводно високи оперативци на терористичката организација.
Наведените високи оперативци на терористичката организација, Омер Ердемир наречен „Брукс Белати“ и Нуретин Џанан, се наоѓаат на „Листата на барани терористи“ од сивата листа на Министерството за внатрешни работи на Република Турција.
Во рамките на операциите се уништени 8 засолништа и пештери.
За време на операциите биле уништени 6 рачно изработени експлозиви,17 рачни бомби, 2.675 килограми експлозивни материјали, а запленети се 19 парчиња оружје со долга цевка и 563 парчиња муниција од различен калибар.
Во рамки на операциите за борба против трговијата со дрога запленети се 7,3 килограми дрога, 23.784 таблети дрога и 248.754 корени од канабис. Исто така, запленети се 458.538 пакетчиња шверцувани цигари и 40.317 литри шверцувано гориво.
Во рамките на операциите се притворени 4.307 лица.
Во операции насочени кон уличните продавачи, спроведени во кругот на училиштата, парковите и местата каде што е концентрирана младата популација, притворени се 433 осомничени. При контролите запленети се 175,7 килограми дрога, 5.636 таблети дрога, 4.153 корени од канабис и 31 парче оружје.
Исто така спроведена е истрага за 467 профили на социјалните медиуми кои ширеле говор на омраза, пропаганда за терористичките организации и пофалба на истите. Истрагата е водена и за социјалните профили кои јавно се декларираат дека имаат допирна точка со терористичките организации, профили кои шират говор на омраза против челници на државата и повикуваат на загрозување на државниот интегритет и безбедноста на државата. Идентификувани се 226 лица и против нив е започната правна постапка.
Турското Министерство за внатрешни работи информираше дека се фатени вкупно 7.818 илегални мигранти, од кои 704 мигрирале по морски патишта.