Cankut Taşdan
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
АНКАРА (АА) - Во антитерористички акции низ Турција извршени од 10 до 17 април, неутрализирани се 15 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на земјата соопшти дека припадниците на силите за безбедност во последните седум дена извршија 348 терористички акции.
Уапсени се 711 лица поради тврдењата дека им помагале на членовите на терористичките организации, како и 170 луѓе осомничени за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ.
Во борбата против терористичката организација ФЕТО, уапсени се 1.651 лица, а десет осомничени се уапсени во борбата против други терористички организации.
Во акциите се убиени деветмина терористи, двајца се заробени, а четворица се предадоа.
Припадниците на безбедносните сили во операциите во Батман, Битлис, Дијарбакир, Мардин, Ван и во Бинѓол уништија 44 скривалишта и засолништа, а уништени се и 20 експлозивни направи и мини.
Покрај тоа, во 73 града во Турција беа организирани 590 акции против трговијата со дрога. Притоа беше пронајдено големо количество наркотици, а 863 лица беа уапсени.
Во рамките на борбата против илегалната миграција во Турција, фатени се 4.151 мигрант, од кои 445 во морињата, а уапсени се 65 лица поради тврдењата дека организатори.