?kipa
30 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Во Турција, 56 лица се осудени на доживотна казна затвор под услови построги од вообичаените, во предметот кој се водеше против пучистите на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во предметот во врска со случувањата во Командата за воздухопловна поддршка на копнените единици, во текот на обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, судската постапка се водеше против вкупно 152 лица.
Судот во Анкара на доживотна казна осуди 18 лица.
Еден од осудените на затворска казна под построги услови е и пилотот на хеликоптер, Угур Капан, кој го киднапираше тогашниот началник на Генералштабот, Хулуси Акар, од базата „Акинџи“, а осуден е на 29-кратна доживотна казна под услови построги од вообичаените и на 3.932 години затвор.
На казна затвор во траење од 6 години и 3 месеци до 18 години осудени се 45 лица.
Судот ослободи 31 лице, а случаите на двајца обвинети се одвоени.
Меѓу осудените се и пилотите одговорни за убивањето цивили во Анкара на 15 јули 2016 година.