Nilay Kar
30 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана денеска објави дека во турската операција „Канџа“ во северен Ирак се неутрализирани уште четворица терористи, со што вкупниот број достигна 19, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Уште четворица терористи се неутрализирани како дел од тековната операција „Канџа“ во Хакурк, северен Ирак“, објави Министерството на социјалната мрежа Твитер.
„Така бројот на терористите неутрализирани досега како дел од оваа операција се зголеми на 19“, се додава од Министерството.
Турските вооружени сили во понеделникот ја започнаа операцијата наречена „Канџа“ против терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.