Satuk Buğra Kutlugün
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Обвинителот во Истанбул денес издаде налози за приведување на околу 360 осомничени припадници на терористичката организација ФЕТО низ целата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален претставник од судот, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека налозите се однесуваат на воениот персонал во 49 турски области.
Поддржувачите на ФЕТО во војската беа на чело на минатогодишниот обид за државен удар, во кој загинаа 250 луѓе.
Официјалниот судски претставник изјави дека 27 од 333 осомничени лица од војската се „имами“ - високи личности во ФЕТО одговорни за координација на ќелиите во вооружените сили. Мнозинството, 216 лица, се активни припадници на војската.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад минатогодишниот неуспешен пуч.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.