Meltem Bulur
15 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Турција не издаде одобрение за посета на германските парламентарци на воената база „Инџирлик“, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван дипломатски извор соопшти дека надлежните турски институции процениле оти посетата на германските парламентарци на воената база во моментот е неприфатлива.
И германските медиуми пишуваат дека Турција не им дозволи на парламентарците да ги посетат германските војници во „Инџирлик“.
Во воената база „Инџирлик“ во јужна Турција, во моментов се наоѓаат 260 војници на Бундесверот и неколку германски авиони коишто учествуваат во операциите на коалицијата против терористичката организација ДЕАШ во Сирија и во Ирак.