Kemal Karadağ
23 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Република Турција Фахретин Коџа соопшти дека во Турција денес се забележани девет нови смртни случаи предизвикани од коронавирусот (Ковид-19) и дека се потврдени уште 289 случаи на заразување со овој вирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Губиме нови животи. Се зголемува бројот на заразените, но не треба да се заборави дека правиме што повеќе тестови бидејќи го пресекуваме патот на вирусот при откривањето и згрижувањето на секој заболен. Остануваме дома. Домот е доволен за живот", наведе Коџа во порака на социјалните мрежи.
Ресорниот турски министер исто така соопшти дека во Турција до сега се извршени 20.345 тестирања на коронавирусот и дека се потврдени вкупно 1256 случаи на заразување.
Додаде дека од последиците на заразувањето починале вкупно 30 лица и дека во сите случаи станувало збор за повозрасни лица.
„Кога немавме заболени и говоревме дека ги немаме. Сега секојдневно објавуваме за состојбата. Транспарентно работиме и повикуваме на внимателност. Оваа земја нема да падне поразена пред оваа закана", порача Коџа.