İsmail Kaya
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
АДИЈАМАН (АА) - Планината Немрут, едно од најубавите места за гледање на изгрејсонцето и зајдисонцето, е покриена со снежна покривка, јавува Anadolu Agency (AA).
Статуите што се наоѓаат на источната и западната страна на планината се завеани со снег. Висината на снегот на некои места надминува еден метар, па илјадагодишните статуи на боговите заспаа во зимски сон под белата покривка.
Планината Немрут се наоѓа во близина на градот Кахта, во областа Адијаман, каде што се наоѓа гробницата на кралот Антиох Комагенски, а таа се наоѓа на листата на УНЕСКО на светско културно наследство.
Оние што сакаат да ја видат планината Немрут во бело, за да се качат до врвот треба да патуваат околу 6 километри, придружени од надлежните и при стабилни временски услови.
По тешкото патување, посетителите на врвот се сочуваат со уникатна убавина, забораваат на тешкото патување и се фотографираат пред историските статуи.
По завршувањето на патот, што треба за околу 32 километри да го скрати патот од Адијаман до планината Немрут, посетителите полесно ќе можат да стигнат до Немрут.
Немрут го посетуват странски и домашни туристи, а оваа година бројот на туристи достигна 40 илјади.