Ayşe Hümeyra Atılgan
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по вчерашниот напад во Истанбул ја нагласи посветеностa во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никој не треба да се сомнева во нашата борба против теророзимот”, изјави денес Ердоган пред болницата каде што ги посети ранетите.
„Ние сме должници на оваа земја, и нема да ја оставиме на тие злосторници ако им е целта да не исплашат со такви напади”, додаде тој.
Првата експлозија синоќа во Истанбул се случи кога автомобил-бомба беше активирана пред фудбалскиот стадион во насебата Бешикташ, два часа по завршувањето на натпреварот меѓу Бешикташ и Бурсаспор, од Турската фудбалска лига, во Водафон Арената.
Вториот напад, кој се случи минута подоцна, беше предизвикан од бомбаш-самоубиец во паркот Мачка во истата населба. Тој се разнел, како што соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сојлу, пред да го забележи полицијата.
Досега, во врска со нападот притворени се 13 осомничени лица.