Ekrem Payan,Faruk Küçük
12 Јули 2021•Ажурирај: 14 Јули 2021
ШИРНАК (АА) - ЕКРЕМ ПАЈАН/ФАРУК КУЧУК -
Подножјето на планината Џуди, ослободена од тероризмот, во подрачјето на Силопи во југоисточна Турција, стана дом на газелите, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на проектот за зголемување на биолошката разновидност во регионот, имплементиран од Дирекцијата за заштита на природата и националните паркови, 50 газели од видот „subgutturosa“ беа оставени во селата Учагач и Гавита на подножјето на планината Џуди, каде што беше воспоставена безбедност пред една година.
Како резултат на размножување, бројот на газели во регионот достигна 65 за 11 месеци.

Во регионот ќе бидат донесени уште 40 газели од 75-тата Станица за размножување на газелите во Шанлиурфа. Екипите ги следат газелите со камери, дронови, двогледи и фотографии.
- „65 газели слободно шетаат во подрачјето“ -
Орхан Калај, директорот на филијалата на Дирекцијата за заштита на природата и националните паркови, за АА истакна дека во нивното истражување пред 3 години утврдиле дека пред 50 години во овој регион живееле газели.
Калај рече дека по истражувањето во септември минатата година во подножјето на планината Џуди донеле 50 газели.
Додаде дека ги контролираат газелите периодично секоја недела.
Наведувајќи дека 50 газели, од кои 23 се женки, се приспособиле на регионот, Калај рече дека се задоволни поради успешната реализација на проектот.

Тој истакна дека планираат да донесат уште 40 газели од Шанлиурфа во септември, Калај рече: „Приспособувањето на газелите во регионот додаде дополнителна вредност на богатата биолошка разновидност на нашата провинција. Ова е пријатна ситуација за нас.“
- „Како село, се обидуваме да ги заштитиме газелите“ -
Бишар Мунган, еден од жителите на селото Гавита, изразувајќи го задоволството од проектот што се спроведува во регионот за размножување на газелите, рече:
„Како село, се обидуваме да ги заштитиме газелите. Многу сме среќни што ги гледаме како слободно шетаат со своите младенчиња.“
Наведувајќи дека е изграден воден канал во регионот каде што се наоѓаат газелите, Мунган рече дека како граѓани што живеат во регионот го поддржуваат проектот и дека граѓаните треба да ги штитат газелите.