İsmet Karakaş
12 Јули 2021•Ажурирај: 13 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Турција неутрализираа четворица терористи на ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Турција објавено на социјалните медиуми се наведува дека безбедносните сили продолжуваат со уништување на терористичките гнезда во северен Ирак.
„Нашите херојски вооружени сили на Турција продолжуваат со уништување на терористичките гнезда во северен Ирак. Со воздушна операција неутрализирани се уште 4 терористи на ПКК откриени во регионот Зап во северен Ирак“, се нагласува во соопштението.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат и во северниот дел на Ирак, од каде што планираат напади на Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.