Büşra Nur Çakmak
11 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Турција покрена иницијатива за засадување на 252 милиони стебла до крајот на оваа година, соопшти турското Министерство за земјоделство и шумарство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На 11 ноември, на Националниот ден на пошумување, ние стануваме здивот на иднината“, истакна Министерството на Твитер.
„Ние му вдахнуваме живот на светот со засадување по три садници за секој од 84-те милиони, добиваме вкупно 252 милиони стебла“, додадоа тие.
Министерството ги покани сите граѓани да засадат садници во подрачјата на нивните градови.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција постави цел да засади вкупно 7 милијарди стебла во државата до крајот на 2023 година.
Турција денес, 11 ноември, го одбележува Националниот ден на пошумувањето, прогласен во 2019 година.