Gözde Bayar
06 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
ИЗМИР
Девет осомничени лица се приведени во Турција денес, поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обвинителите во Измир издадоа налози за апсење на 14 осомничени лица под обвиненија за користење на апликацијата за кодирани пораки БајЛок“, се вели во соопштението издадено од Канцеларијата на обвинителот.
„Полицијата приведе девет осомничени лица при што операциите за приведување на останатите осомничени се во тек“, се вели во соопштението.
Истовремените операции се изведени во три области - Измир, Ајдин и Коња.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа ранети.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.