Burcu Arik
05 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Полицискиот тим за борба против тероризмот на полицијата во Анкара рано утринава приведе 60 лица осомничени за поврзаност со ДЕАШ, соопштија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворите кои сакаа да останат анонимни, осомничените, од кои повеќето странски државјани, се сомничат за поврзаност со вооружена терористичка организација.
Полициски извори соопштија дека полицијата утринава извела одделни операции и во Истанбул, северозападниот дел на Коџаели и во западната област Измир.
Во Истанбул и Кочаели приведени се вкупно 18 лица, од кои 14 странци, вклучувајќи и 10 деца, поради поврзаност со терористичката група ДЕАШ.
Операциите се спроведени на 20 различни адреси во истанбулските населби Бејоглу, Есенлер, Шишли, Багџилар, Mалтепе и Султанбејли и една адреса во Коџаели.
Безбедносните извори исто така приведоа најмалку 8 осомничени лица во Измир за поврзаност со ДЕАШ, поради подготвување терористички напад.
Во текот на операцијата запленети се документи на организацијата, ловечка пушка, пиштол и одреден број книги на водачот на терористичката организација ФЕТО, Ѓулен.