Melda Altakhan,Sertaç Bulur
30 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Република Турција приведоа пет водечки имиња во структурата на терористичката организација ПКК/КЏК, јавува Anadolu Agency (AA).
Од официјални лица на Министерството за внатрешни работи на Турција се дознава дека безбедносните сили во рамките на акцијата за блокирање на активностите на терористичката организација ПКК/КЏК на подрачјето на Турција, приведоа пет водечки имиња на една од структурите на терористичката организација која дејствува под името „КЏК – Советот на Турција“.
Во источниот турски град Дијарбакир се приведени Х.A. (34), С.A. (35) и М.O. (41); во Анталија е приведено едно лице со иницијали Б.А (42), a во Шанлиурфа E.A (45). Се претпоставува дека тие се водечки имиња во структурите на терористичката организација.
За лицето Х.А. се претпоставува дека ја извршувал функцијата портпарол во КЏК, задолжен за таканаречениот Курдистан. Уапсениот С.А. бил задолжен за новинската агенција на организацијата, а во повеќе наврати престојувал во Кандил, и од Ерзурум со авион патувал во Ербил. По 18 ноември, тој преминал во Турција. E.A. во име на КЏК бил задолжен за градот Дијарбакир и исто така во повеќе наврати престојувал во Кандил.
Б.А. и М.А. од претходно им се познати на истражните органи на Република Турција, а тие се товарат за кривичните дела управување со терористичката организација и членство во неа.
ПКК/КЏК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и ЕУ. Станува збор за организација што води повеќедецениска оружена кампања против Турција, а речиси е сигурно дека оваа организација стои зад терористичкиот напад во квартот Бешикташ во Истанбул, во кој загинаа 44 лица, а ранети се повеќе од 50.