??????? ??????
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Пратеникот на опозициското движење „Самоопределување“ Фатон Топали, денес е задржан од Косовската полиција врз основа на поранешниот налог за негово апсење поради фрлање солзавец во собраниската сала, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој е запрен во зградата на Собранието и спроведен во Палатата на правдата кај надлежниот обвинител.
Пратеникот Топали ја информираше јавноста за своето задржување.
„Пред половина час влегов во Собранието за да завршам одредени работи кои ми следуваат како пратеник. Полицијата сега не ми дозволува да излезам од Собранието. Не ми кажаа ниту една причина зошто не можам да излезам. Моментално сум уапсен внатре во Собранието. Премиерот Мустафа ја прославува годишнината на своето владеење со апсење на пратениците од опозицијата, но нашиот пат за Косово никој не може да го сопре“, напиша Топали на својот фејсбук профил
Косовската полиција утринава ја уапси и пратеничката во Собранието на Косово од опозициското движење.
„Самоопределување“, Албулена Хаџиу, исто така, според порано издаден налог за апсење, поради употреба на солзавец во Собранието.
Опозицијата, која бара да се повлечат договорите за Заедницата на општини со српско мнозинство и за демаркација на границата со Црна Гора, скоро три месеци користи солзавец за блокирање на работата на Собранието на Косово.