Fatma Bülbül
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 81 полициски службеник се приведени во Истанбул, денес, поради наводно користење на апликацијата за испраќање пораки поврзанa со обидот за државен удар што се случи на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Според канцеларијата на јавниoт обвинител во Истанбул, издадени се налози за приведување на 123 осомничени лица. Властите продолжуваат да ги бараат останатите осомничени лица, кои наводно ја користеле апликацијата „БајЛок“ за испраќање пораки за време на обидот за државен удар. Тие се товарат дека се членови на терористичката организација.
Се смета дека апликацијата „БајЛок“ е користена само од страна на членовите на терористичката организација ФЕТО, која се товари дека стои зад обидот за државен удар.
Апликацијата е пробиена од страна на турските безбедносни агенции пред државниот удар, поттикнувајќи ги пучистите да се префрлат на користење на апликацијата за пораки WhatsApp, но не пред да бидат идентификувани десетици илјади припадници на ФЕТО.
Досега, 175 полициски службеници се приведени поради поврзаност со ваквите обвиненија.
Предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во САД, терористичката организација ФЕТО се товари за организирање на заговорот за државен удар, како и дека води долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.
Обидот за државен удар на 15 јули во Турција остави зад себе 241 жртва и околу 2.200 повредени.