Serkan Avcı,Mustafa Güngör
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
МЕРСИН (АА) - Рибарите во турскиот град Мерсин фатиле ајкула долга пет метри која ја изложиле на пазарот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ајкулата од 300 килограми беше фатена од група рибари во водите на Медитеранот. Со мрежа беше префрлена до брегот, по штo беше изложена на пазарот.
Несекојдневниот настан го привлече вниманието на граѓаните кои сакаа да се фотографираат покрај ајкулата.
Аднан Полат, помошник-претседател на Здружението на рибари Мерсин, за АА изјави дека рибарите четири часа се обидувале да ја совладат ајкулата која била фатена во мрежата.
Полат рече дека месото од оваа ајкула се покажало добро во третман за лекување на рак и додаде дека поради тоа, месото од ајкулата во текот на денот ќе им го поделат на жителите на Мерсин.